Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков доби пица со својот лик. Специјалитетот е дело на охриѓанецот Дејан Трајанов – Чеде, во знак на благодарност до градоначалникот за изразената поддршка.
Пецаков порача дека Општина Охрид ќе го поддржи Трајанов за претстоен натпревар кој ќе се одржи во Бугарија.
-Натпреварот во соседна Бугарија треба да му ги отвори портите на Дејан Трајанов за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија. Општина Охрид со задоволство му ја дава поддршката – порача Пецаков.
Be the first to write a comment.