Британската старлета Кејти Прајс (44) деновиве е видена во Шпанија каде го поминува својот одмор. Бујната ријалити ѕвезда лежеше на плажа со својот партнер Карл Вудс, а секако во преден план беа нејзините обилни гради и впечатливите тетоважи.
Кејти се обиде да ги задржи своите бујни облини со ситно сино бикини, но на фотографиите кои ги уловија папараците, изгледа дека навистина не и успеа.
На британската старлета не и се непознати естетските зафати. Мајката на пет деца уште во февруари го направи своето 16-то зголемување на градите за да го има, како што рече, „најголемото во Британија“.
Прајс неодамна изјави дека „во животот имала повеќе операции на гради отколку мажи“.
– Тажно е што сè уште често се чувствувам грдо, иако многупати сум влегла под нож – неодамна признала Кејти, која ја направила првата естетска процедура како тинејџерка, но денес смета дека старосната граница за давање согласност за операција треба да биде подигнат на 21 година.
Нејзиното семејство, инаку, неодамна изјави дека е загрижено поради нејзините бројни естетски операции.
– Сметаат дека тоа е голем ризик и дека е опасно.
Be the first to write a comment.