Страшна сцена се одвивала синоќа на плоштадот Синтагма во центарот на грчкиот главен град, Атина. Според информациите на грчките медиуми, две сестри со нож нападнале 16-годишна ученичка која седела сама.

Поточно, повредената девојка седела сама на скалите на плоштадот кога ѝ се доближиле двете сестри, при што едната извадила нож и ја прободела во бутот. Една од сестрите има 19 години.

Потоа тие ја оставиле малолетничката облеана во крв и исчезнале. Информациите говорат дека двете сестри имале недоразбирање со другото малолетно девојче кое го повредиле.

16 годишното девојче кое било прободено

– Имавме лични несогласувања, наводно рекла малолетничката во полиција за мотивот за нападот.

Полицијата е блиску до идентификување на двете девојчиња кои ја нападнаа. Според информациите, тие наводно посетуваат училиште во Колонос. Набргу по нападот, 16-годишното девојче објави „стори“ на социјалните мрежи.

„Кога јадеш нож“ пишува во објавата на 16 годишното девојче

„Кога јадеш нож“ пишува во објавата, објавувајќи слики од болницата каде ѝ била укажана прва помош.