Популарната американска пејачка Кејти Пери неодамна ги загрижи фановите со своето однесување на концерт во Лас Вегас. Сега таа откри што се крие зад сето тоа.
За потсетување, Пери се бореше да го отвори едното око среде настап. Додека едното око ѝ беше постојано затворено, таа брзо трепкаше со другото. Таа во еден момент се обиде да ја „среди ситуацијата“ со раката, додека многумина забележале дека пејачката делува вознемирено.
Како и да е, Кејти брзо се собра и продолжи со настапот, а бизарното видео како молња се прошири на социјалните мрежи. Пејачката сега ја откри вистината за тоа што се крие зад оваа бизарна ситуација.
„Ги поздравувам сите мои обожаватели да дојдат да го видат трикот со моите скршени очи од кукла, во живо во Вегас следната година!“ напиша пејачката на својот Инстаграм, откривајќи дека се работи за рекламен трик.
Имено, Кејти, која настапи во краток фустан со лименки, открива дека нејзиното „оштетување“ на окото всушност било трик за промоција на шоуто.
Во објава на Инстаграм, таа го сподели бизарното видео со објаснување: „Кога ќе ги видите новите датуми на PLAY 2023“, со што ги покани фановите да ѝ се придружат на спектаклот и следната година.
Кејти ја започна својата Play Tour во Лас Вегас во декември 2021 година и брзо заработи одлични критики. Сепак, пејачката продолжи да ја „привлекува“ публиката на уникатен начин.
По кратката игра што им ја приреди на своите обожаватели, некои се пошегуваа дека пејачката изгледа како да се „расипала“, додека други сериозно се загрижени за здравјето на пејачката.
Пери успешно го балансира приватниот и деловниот живот. Таа е во врска со актерот Орландо Блум шест години, а во 2020 година ја добија ќерката Дејзи Дов Блум. Орландо го има и синот Флин со Миранда Кер.
Be the first to write a comment.