Денеска (13.03.) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар во угостителски објект, при што опожарени биле внатрешноста на објектот и кровна конструкција. Повредени лица нема, велат од МВР.

Како што соопшти МВР, на местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита.

Девет пожарникари со четири возила утрово во 4 часот интервенирале по дојава за пожар во ресторан во центарот на Скопје.

📸

📸

📸

📸

📸

📸