Најпознатата британска ријалити ѕвезда и поранешна манекенка Кејти Прајс неодамна ги покажа резултатите од 13-та операција за зголемување на градите, возејќи се на глисер со својот вереник Карл Вудс за време на нивниот одмор на Тајланд.
Кејти позираше во розово, а подоцна и портокалово минијатурно бикини, покажувајќи огромни гради, далеку поголеми од имплантите што ги имаше до пред само неколку месеци.
43-годишната жена во декември ја направила процедурата во Белгија, а покрај зголемување на градите, направила и липосукција на целото тело, а ги отстранила мастите од задникот, пренесува „Дејли мејл“. Нејзиното семејство наводно е „згрозено“ од последната естетска процедура и се разочарани бидејќи хирурзите воопшто се согласиле на тоа. „Сега станува навистина глупаво и повеќе од неодговорно. Искрено, сите се прилично ужасни“, изјавил извор за британските медиуми.
Мајката на Кејт, Ејми неодамна откри дека се плаши дека нејзината ќерка боледува од физичка дисморфија, сериозно ментално пореметување во кое човекот ги доживува деловите од своето тело како крајно грди, деформирани и непривлечни.
“Можеби сето ова го прави затоа што не се чувствува доволно привлечно или можеби е телесна дисморфија. Дел од проблемот е што таа добива бесплатни операции, бидејќи доволно е да го понуди нејзиното име за да ги рекламира”, рекла мајката.
Инаку, Кејти за прв пат прибегна кон пластична операција како 18-годишна девојка, иако изгледа дека немало потреба од тоа. Имено, поранешната манекенка на Плејбој имаше прекрасни, природни црти на лицето, па јавноста често е воодушевена од фактот што таа некогаш прибегнала кон каква било корекција.
Покрај претерувањето со пластичните операции, Кејти е позната и по турбулентниот љубовен живот и честите промени на партнерите, а минатата година и самата призна дека главниот извор на нејзините проблеми се мажите.
“Она што отсекогаш не беше во ред во мојот живот се мажите. Така беше од мала. Ме силуваа како дете, кога имав седум години. За тоа пишував во мојата прва книга. Тогаш бев во парк.” Кејти изјави за подкаст „Промени со Ени Макманус“.
Да потсетиме, таа зборуваше за ужасниот инцидент за прв пат во нејзината автобиографија „Being Jordan“, која беше објавена во мај 2004 година. “Прво бев малтретирана, а подоцна и силувана. Сум зборувала за тоа и порано и верувам дека тоа е она што ме наведе да почнам да се облекувам провокативно и да станам модел. Тренирав како медицинска сестра, но гламурозниот свет на манекенството е наменет за мажи. Можат да изгледаат, но не и да допираат. Можете да кажувате или правите што сакате, но на слика“, изјави таа во 2017 година за ужасното искуство.
За време на споменатиот подкаст таа се осврна и на фактот дека била сексуално злоставувана од фотограф со кој соработувала во тинејџерските години.
„Работев со фотограф кој беше опседнат со мене. Тој направи ужасни фотографии за кои тогаш верував дека се невини. Имав само 12 години. Ме натера да позирам за да може да ми се гледа јазикот, на тој заводлив начин. „Тие имаа јасна сексуална конотација.Тој правеше млечни шејкови и ми ги нудеше, но јас никогаш не ги земав.Подоцна полицијата откри дека ги терал своите клиенти да ги пијат и да ставаат дрога внатре“, изјавила познатата Британка.
Оваа мајка на пет деца истакнала и дека работејќи со психолози и терапевти сфатила дека постојано менува мажи затоа што на тој начин избегнувала да не се повтори нејзиното сценарио како со нејзиниот татко, кој ја оставил неа и нејзината мајка.
„Секогаш ме изневеруваат. Сите мои животни проблеми се поврзани со мажите“, заклучила таа.
Be the first to write a comment.