По напорната НБА сезона во која повторно ја освои титулата МВП, Никола Јокиќ реши да се врати во родниот Сомбор и да одмори со она што најмногу го опушта, да биде со своите коњи.

Токму во Сомбор делегацијата на Денвер, предводена од тренерот Мајкл Мелоун, му го врачи МВП трофејот на Јокиќ пред неговата коњска штала.

Ден подоцна „Телеграф.рс“ го снимиле пред шталата на хиподромот, каде Јокиќ изутрината дошол да ги посети своите миленици, дури и по прославите во кафеана и бурната ноќ.

Јокиќ на хиподромот дојде со својот Mercedes Bbrabus G63 AMG, кој вреди 250.000 евра и секако е препознатлив по улиците на Сомбор.

📸

📸

📸

📸

📸