Очигледно е дека во нашата држава ниедна работа не може да помине без катастрофални грешки, а тоа и го има и таму каде што е најмалку потребно – во учебниците.
Станува збор за учебникот по Историја и општество, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН.
Во него, како што се забележува, во Тема 2 – „Населението и за континентите“, на децата им се нуди информација дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.035 метри.
Уште полошо е што не станува збор за некаква печатна грешка, бидејќи вистинската информација е дека Монт Еверест е висок 8.849 метри.
Be the first to write a comment.