Вечерва со почеток од 19:00 часот нов протест пред Владата на Република со порака Ултиматум – НЕ благодарам.

Во текот на целиот ден преку социјалните мрежи се повикуваа граѓаните, уште помасовно и погласно да го искажат својот револт против францускиот предлог со кој се прифаќаат сите бугарските услови.

Повик упати за присуство на вечерашниот протест упати и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера во истиот термин пред Владата се одржа голем протест предводен од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, којшто беше поддржан и од други политички партии, граѓански организации и јавни личности кои сметаат дека предлогот од Франција е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

На протестот беа кажани пораки против францускиот предлог, се апелираше тој да не се потпишува, а беа упатени и барања за оставки. Протестите ќе продолжат најверојатно и во следните денови.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸