Мартин Саздов, во гејминг светот познат како „Сакса“ е најдобриот „Dota 2“ играч во нашата земја, а сега и во светот
Вчера се одржа Интернационалниот „Dota 2“ турнир во Сингапур, огромен настан на кој се собираат најдобрите гејмери од цел свет и се натпреваруваат за повеќе од милион долари. Токму таму Сакса со својот тим „Тундра Еспортс“ го освои првото место, кое вреди цели 8 милиони долари. Имено, тие во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0.
Инаку Саздов е од Свети Николе, започнал да игра „Dota 2“ на 10 – годишна возраст, со времето постепено се усовршувал и станал еден од најдобрите „Dota 2“ играчи во светот.
Иако се запишал на факултет во Скопје, изгубил интерес и одлучил целосно да се посвети на неговата „Dota“ кариера.
Во неговото последно интервју пред 5 месеци, Сакса вели дека „Еспортс“ генерално не е толку популарна во Македонија и дека „Дота 2“ најмногу играат и следат момци од 20 до 35 години, но не и новите генерации.
– Ме препознаваат доста луѓе од време на време, и мислам дека доволен број на луѓе ме знаат со оглед на тоа дека сум единствениот професионален играч кој играл за големи тимови и големи турнири – додава тој. Тој заедно со неговиот тогашен американски тим „Digital Chaos“ беше дел од и претходно од овој турнир. Имено на натпреварот „Dota 2 International 2016“, тимот на Саздов заработи 3.4 милиони долари.
Be the first to write a comment.