Припадникот на Министерството за внатрешни работи на Србија, Дејан Богосављевиќ од Белград беше херој на денот во средата во грчкото одморалиште Ставрос, каде се одвиваше вистинска драма која за малку ќе го чинеше живот еден постар човек, грчки државјанин.
Богосављевиќ му пришол прв на помош на Гркот, на кој најверојатно му се слошило додека пливал и почнал да се дави, го извлекол од водата и почнал со мерки за реанимација.
Благодарение на неговата навремена реакција и стручната помош во која учествувале и лекарите од Нишкиот институт за итна медицина Катарина Стошиќ и медицинската сестра Александра Николиќ, оваа непријатна авантура добро заврши за Гркот.
– Наведениот ден бев во Ставрос, одморалиште во Грција каде со семејството сум на годишен одмор. Се’ се чинеше нормално, стоев на брегот и ја гледав мојата деветгодишна ќерка како си игра во морето бидејќи не е искусен пливач. Во еден момент видов човек во водата кој се однесува чудно, за набрзо да потоне, раскажува Богосављевиќ.
Тој ја повикал сопругата да се грижи за детето, скокнал во водата и допливал до него.
– Не даваше знаци на живот, со големи напори успеав да го извлечам на брегот, поради неговата тежина и острите камења на дното на морето. Кога излегов од морето ми помогна пријателот Бора Радосављевиќ од Белград. Забележав дека човекот е во несвест, помодрен во лицето и не дава знаци на живот. Бидејќи во мојата работа многу често посетувам обуки за препознавање на состојбата и пружање прва помош, сфатив дека морам веднаш да ги ослободам дишните патишта, па го ставив во соодветна положба и почнав со реанимација за да се вратат респираторните функции. Откако почнав со реанимација и ги добив првите знаци на стабилна состојба, на помош ми дојдоа две жени за кои подоцна дознав дека се медицински работнички од Ниш. Со заеднички сили успеавме да го стабилизираме човекот и да го предадеме на итната помош, која набрзо пристигна, го опишува својот подвиг Богосављевиќ.
Be the first to write a comment.