Во саботата избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, пренесуваат дел од медиумите.
“Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центарот за забава на македонската фолк естрада, пишуваат тие.
И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект. Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не се направи проценка на истата.
Според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објект речиси и нема.
Сопственикот на ресторанот, познатиот естраден уметник, Трајче Толевски, познат како Трајче Мајка во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од се е што немало жртви, ниту пак повредени.
Тој вели дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а му било јавено од страна на соседите кои пак пријавиле во пожарната служба за што е особено благодарен.
Сепак, немилиот настан не успеа да го уништи позитивниот дух на Трајче и нашиот разговор го заврши си пораката: лошото да остане овде, Камин Кама ќе ја обновиме, а најважно е сите ние да сме живи и здрави.”
Од “Ѓорче Петров” споделија и фотографија од местото.
Be the first to write a comment.