На социјалните мрежи кружи фотографија која предизвика лавина коментари во кои не можат да се изначудат од тоа што го виделе.
На фотографијата е возило со австриски регистарски таблички, на кое се прикачени неколку велосипеди, а на покривот е прикачен ковчег.
Според извештаите, фотографијата наводно е направена во тунелот Мала Капела на пат кон морето во Хрватска. А зошто некој спакувал ковчег е тешко да се објасни.
Сепак, има многу кои почувствувале потреба да остават коментар на оваа објава.
„Се чини дека фламингото е надвор од мода“, „На крајот на сите ќе ни треба ваков кревет“, „Се уште земаат од бабата пензија, па ја носат на море“, „Уште еден кревет“… Ова се само дел од коментарите кои се најдоа на бројните Фејсбук страници кои ја споделија оваа фотографија.
Be the first to write a comment.