Татко на две деца e уапсен откако, според првичните информации, додека возел со своето семејство, намерно го насочил својот автомобил Tesla да излета од карпата „Ѓаволска страна“ во Калифорнија, соопшти полицијата.

Докторот Дармеш Арвинд Пател (41) од Пасадена беше обвинет за обид за убиство и злоупотреба на деца, откако тој, неговата сопруга (исто така 41-годишна) и нивните две деца од четири и седум години, беа пронајдени 250 стапки (околу 76 метри) во провалијата од карпата во понеделникот.

Калифорниската автопат патрола (CHP) утврди дека „врз основа на собраните докази, истражителите развија веројатна причина да веруваат дека овој инцидент бил намерен чин“.

Докторот ќе биде задржан во затворот во округот Сан Матео откако ќе биде пуштен од болница, каде што се лекува од повреди кои не се опасни по живот.

Со повреди се здобила и неговата сопруга Неха, а неговите деца се здобиле со повреди од средна тежина.

Полицијата, исто така, рсоопшти дека дека не е сигурно во каков „режим на возење“ бил автомобилот Тесла кога се случила несреќата, но дека „се чини дека тоа не е фактор што придонесува за овој инцидент“.

Агенцијата не објасни зошто се верува дека Пател намерно излетал од карпата со своето семејство.

📸