На 14.05.2022 година, на излезната страна на граничниот премин Градина на границата меѓу Србија и Бугарија, царинските службеници во соработка со полицијата спречиле обид за криумчарење на 137.000 непријавени евра и 250 грама златен накит.

Непријавени девизи и златен накит се откриени при претрес на „Фолксваген крап“ со германски регистарски таблички со кој тројца бугарски државјани од Германија патувале кон Бугарија. На прашање на цариниците дали имаат што да пријават, сите тројца патници рекле дека со себе носат само лични работи.

Но, при деталниот преглед, во чанта биле пронајдени речиси 126.000 непријавени евра, како и 250 грама златен накит (ланчиња, обетки, алки и привезоци). Парите биле спакувани во неколку пликови камуфлирани во кеси наменети за пецивo од пекара, кои патничката ги носела во чантата.

И тоа не е се: и двaјцата нејзини сопатници имале непријавени пари во износ од речиси 11.000 евра, со што вкупната откриена сума се зголемила на речиси 137.000 евра. Меѓу откриените банкноти, најбројни биле оние во апоени од 100 евра, од кои имало 954, потоа 34 банкноти од 200 евра и уште 9 од 500.

На патниците веднаш им била вратена сумата од 30.000 евра (10.000 евра по лице) кои немале обврска да пријават, а остатокот од парите и сиот непријавен златен накит се привремено задржани до завршување на постапката.

📸

📸

📸