Продолжува потрагата по две малолетни деца кои по излетувањето во кањонот Тара испаднале од возилото, јави Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ).
Во несреќата загинала нивната мајка, дваесет и седумгодишната Јелена. В., а едно дете синоќа со повреди било извлечено од провалијата и пренесено во болница.
До несреќата дошло откако автомобилот од засега неутврдени причини слетал во кањонот. Репортерката на РТЦГ јавува дека на местото на несреќата се собрале голем број луѓе, пријатели и роднини.
Спасувачките екипи, трагаат по седумгодишно девојче и две и полгодишно момче. Службата за заштита и спасување на планина и нуркачи од со опрема се на местото на несреќата.
Потрагата ја отежнува матната вода, па Тара е непрегледна за нуркачите. На местото на несреќата била Сања Голубовиќ, дежурната обвинителка во Основното државно обвинителство во Пљевља.
Вчера околу 17:30 часот од службеник на полициската станица Жабљак била известена дека возило слетало во кањонот на реката Тара.
„Со увидната екипа излегов на местото на настанот. Најдовме возило кое веќе беше во кањонот на реката Тара, возилото го управуваше жена која загина. Во возилото имало три деца. Извлечено е едно дете од кањонот Тара и пренесено е во болницата во Пљевља за да му се пружи помош додека трае потрагата по другите две деца“, изјави Голубовиќ за РТЦГ.
Пожарникарите од Мојковац денеска го извлекле возилото од Тара.
📸
📸
Be the first to write a comment.