Поранешниот германски репрезентативец Михаел Балак е во врска со 21-годишна пријателка на неговиот починат син Емилио, помалку од една година од трагичната смрт на 18-годишникот во Португалија, тврди германскиот „Билд“.

45-годишниот бил забележан во друштво со 21-годишната Софија Шнајдеран на „Арт Базел“, изложба на модерна уметност, и тие не ја криеле својата блискост.

Емилио Балак загина кога неговиот квад-мотоцикл се преврте по семејна прослава во португалскиот дом на Балак. Емилио беше средниот од трите сина на Балак од врската со Симоне Ламбе, со која се разведе во 2012 година. Шнајерхан и Балак се зближиле по трагедијата и неколку пати биле видени заедно во Германија.

📸

📸