30 годишниот грчки специјалец Илиас Параскевас загина утринава во сообраќајна несреќа во Калимармаро, кога автомобилот што го управувал се судрил со автобус. Несреќата се случила пред шест часот наутро кога 30-годишниот специјалец штотуку ја завршил својата служба и се враќал дома со моторот кој многу го сакал.

– Судирот со автобусот од линијата 209 бил кобен за младиот возач на моторот. Тој се движел по авенијата Василеос Константину во правец на Сингру кога се судрил со автобусот кој доаѓал од Василисис Олгас на трамвајските линии. 30-годишникот бил облеан во крв на асфалтот, а возачот на автобусот во шок повикал брза помош. Тој бил пренесен во болницата „Евангелизам“ каде на крајот им подлегнал на повредите, јавуваат грчките медиуми.

Возачот на автобусот очекувано е уапсен при што надлежните темелно ги испитуваат причините за сообраќајната несреќа.

„Бог сакаше да го земе и го зеде“

„Заврши работа, беше на пат кон дома и имаше сообраќајна несреќа, како што ми кажа неговиот командант. Во него удрил автобус. Го однесоа во болница, но не можеа да го спасат, ми рече директорот на болницата. Беше многу добро момче, срамежливо, чувствително. Најдобрите зборови ги кажуваат сите во Каламбака. Вчера последен пат разговарав со него по телефон“, беа зборовите на таткото на 30-годишниот Илиас.

„Утрото ни се јавија и ни кажаа дека детето имало несреќа и починало. Не знаеме како се случи. Доаѓаше од работа, имаше завршено ноќна смена и се враќаше дома со моторот. Бог сакаше да го земе и го зеде“, изјави мајката на 30-годишниот Илиас.