27-годишната Емилија М., државјанка на Србија која живее во Марибор, е убиена во четвртокот кога, како што се претпоставува, ја задавило нејзиното момче државјанин на Словенија, Лазар Т. (20).
Според пишувањето на словенечките медиуми, момчето прво ја претепало девојката, а потоа ја задавило. Соседите навеле дека слушнале звуци и женски крици. Кога сакале да повикаат полиција, како што велат, звуците престанале.
Се се одвивало во четвртокот, а злосторството било откриено дури во понеделник. Момчето дури два дена спиело покрај својата мртва девојка.
И момчето и покојната девојка и се познати на полицијата. Двајцата имале забрана за приближување на своите мајки. Тој имал и пријава за кршење на јавниот ред и мир поради тепачка и проблеми со дрога.
Be the first to write a comment.