Грција интензивно трага по српскиот државјанин Радован Јурачиќ (44), кој исчезна кога наводно со брод од Атина тргнал кон островот Кос.

Радован на 28 мај се качил во автобус кој тргна од Србија за Атина. Потоа, на 29 мај, тој требало да се качи на патнички брод во пристаништето Пиреја со пат кон островот Кос. Но, неговото исчезнување било пријавено на 31 мај, а невладина организација објавила детали за него, по барање на семејството, бидејќи постои сомнеж дека неговиот живот е во опасност.

Еден пријател требало да го чека на островот Кос, но тој тврди дека Радован никогаш не се симнал од бродот.

Сопругата на исчезнатиот Радован изјави дека разговарала со сопругот пред неговото исчезнување и дека тој звучел нормално.

– Освен нашата кума, во Грција немаме пријатели и роднини. Не знам што се случи со него, никогаш досега не исчезнал вака – изјавила таа.

Сопругата Драгана додала дека била контактирана од Амбасадата на Србија во Грција и дека засега нема нови информации за нејзиниот сопруг.

– Во моментов се проверува дали Радован се качил на бродот, а до Телеком е испратено барање за следење на неговиот телефон – изјави таа за Телеграф.

Грчката полиција синоќа излезе со соопштение во кое се наведува дека Радован е висок 1,75 сантиметри, тежок 85 килограми, кафена коса и сиви очи. Не е познато што носел во моментот на неговото исчезнување.

Секој со каква било информација е повикан да контактира со здружението „Детска насмевка“, како и со полициските станици во земјата или преку апликацијата Missing Alert.