Чао ЕУ. Толку беше. Од денес и официјално, тоа парче балканска земја што мака мачеше да стане “држава” НИКОГАШ нема да стане членка на Европската Унија, како земја под името Република Северна Македонија. Ни за 20, ни за 50 години. Никогаш.

И точно се знае зошто, без оглед како отсега натаму тоа ќе биде “дефинирано” Ова е само почеток на крајот. А тоа може да трае и со децении. Но, крајот е крај, ваков или онаков. Но, затоа од денес имаме едно големо Добредојде за европските фондови, тендери и кеш, далеку поголем од досега и многу пофокусиран од претходно.

Големо Добредојде за сите исклучиво партиски прераспределби на кешот кој од денес ќе има и верификувано потекло, па нема да има потреба од правдања, отчет и стрес. ЕУ ве чести, за тоа што и’ симнавте голем товар од грбот. Ве откачи “со тапија”. Затоа почестете се. И не таласајте понатаму.

П.С. И како резиме, ако не сте во првиот и евентуално во вториот ешалон од партиските структури, нема да видите ништо од тие пари. Ни цент. Не седете џабе во стрес и беда која доаѓа во галопирачки чекор, наскоро. Започнете нова страница, некаде надвор, додека имате време. А ако сте меѓу првоспоменатите, тогаш, “нема зима за вас”.