Српскиот ас Душан Влаховиќ ги сумираше впечатоците по поразот од Швајцарија. Србија загуби во последното коло од групата Г од Швајцарија со резултат 3:2 и со тоа го заврши учеството на Светското првенство.

По натпреварот српските новинари се интересираа зошто Влаховиќ го напушти теренот во 55. минута.

– Па, одлуката на селекторот беше дека морам да излезам, така што нема за што да се зборува. Се чувствувам добро и не сум играл долго време, веројатно затоа и бев заменет, бидејќи на полувремето реков дека можам да играм кога селекторот ме праша како се чувствувам.

Влаховиќ им ја честиташе победата на Швајцарците.

– Мојот прв гол на Мундијалот и во тој момент имаме 2:1, дури и да не си добро во моментот се оди добро. Навистина не знам што да кажам. Ова првенство беше турбулентно, генерално. На првиот натпревар игравме против Бразил, најдобрата репрезентација на светот, во вториот меч можевме да бидеме подобри и само победа не носеше понатаму, ако се подобри Швајцарците ќе поминат и така се случи, мораме да честитаме и да бидеме големи во поразот. Немам некој друг коментар, ова е СП, нема што тука, нема бегање од одговорност. Така е како што е, победи подобриот тим и нема што да се лажеме.

А што се однесува до прославата на голот…

– Прославата на голот беше спонтана, не се однесуваше на никого – изјави српскиот ас.