Наизглед безопасните парчиња хартија што секој од нас ги има во џебот може да предизвикаат опасна болест. Дури 90 отсто од сметките што ги добиваме во продавниците содржат хемикалии кои можат да доведат до рак, предупредуваат експертите.
Сметките со мастило – Сметките што користат мастило што избледува со текот на времето се направени од термичка хартија што содржи бисфенол А или БПА. Оваа хемикалија може да доведе до рак поврзан со хормони и претходно беше поврзана со аутизам, неплодност, дебелина, дијабетес тип 2, предвремено породување и ран пубертет.
Веќе постои загриженост во јавноста дека сме премногу изложени на оваа хемикалија поради големата употреба на пластика во нашиот секојдневен живот. Треба да избегнувате чување на сметки во чанти, паричници, автомобили и џебови – предупредуваат експертите, меѓу кои и професорот Николас Олеа од Универзитетот во Гранада во Шпанија.
Пластични шишиња – БПА се користи за печатење сметки за подобрување на бојата на буквите и бројките без користење мастило, а се наоѓа и во пластични шишиња и канчиња за храна. Некои од земјите работат на воведување забрана за користење на овој тип сметки, а меѓу нив е и Франција која од 2014 година ја намалува употребата.
Експертите советуваат овие сметки да не доаѓаат во допир со храната во кесата во која ја добиваме, да не се оставаат во автомобилот или паричникот и да бидеме во што помал контакт со овие хартии.
Be the first to write a comment.