– Подобро да поминеш 20 години во затвор отколку да одиш таму. Полошо е од затвор!, вели еден од најпознатите Македонци во Србија, адвокатот со потекло од Битола, Тома Фила за постојаниот престој во психијатриски установи.
Доколку момчето К.К., кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ биде прогласено за непресметливо и ментално болно, таа одлука ќе биде трајна и нема да може да му се суди подоцна, вели Фила и додава дека од затвор можеби и ќе излезе, но тешко ќе излезе од ментална установа.
– Таму го лечат, но не познавам никој што излегол од таму. И сите луѓе кои мислат дека се извлекле затоа што биле прогласени за луди и ќе си одат дома потоа, грешат. Всушност, подобро е да одите 20 години затвор отколку да одите таму. Полошо е од затвор! – вели Фила и додава дека дека причина за тоа е околината, но и други работи.
– Што се однесува до малолетниците, тие треба да ја поминат целата таа фаза. Затоа што ако убил некого, тоа укажува дека не е нормален. Ова не се нормални импулси за детето. Тоа значи дека најверојатно никогаш нема да излезе од психијатриска установа – вели Фила. Адвокатот додаде дека К.К. не е кривично одговорен и дека не може да му се суди ниту за неколку месеци кога ќе има 14 години и станува кривично одговарен.
– Тој единствено може да биде лечен, но само ако болен. Во однос на тоа што го направил може да добие дијагноза, но никогаш не може кривично да одговара – објасни тој.
Познатиот адвокат вели дека родителите на малолетниот К.К. не можат кривично да одговараат за неговото дело и изрази сомневање дека таткото на детето може да биде обвинет за загрозување на безбедноста, за што се товари.
Што се однесува до У.Б. кој го изврши масакрот кај Младеновац, а кој нема 21 година и затоа не може да биде осуден доживотно, Фила вели дека ако добие 20 години затвор, нема да излезе истиот човек.
– Оној што ќе издржи 20 години затвор, тој веќе не е нормален, со него е завршено… Да се зборува за тоа дека никогаш нема да излезе е прерано. Но, мислам дека тој никогаш нема да излезе каков што влегол внатре. Тој ќе биде лушпа од човек – рече Фила.
Be the first to write a comment.