Две лица загинаа, а најмалку едно е повредено во страшната несреќа што се случила околу 9 часот и 25 минути на улицата „Воислав Илиќ“ во Белград.

Несреќата се случила на удолницата, во правец кон Синиот мост, а причината се уште не е позната.

Еден автомобил се преполовил, но како што дознава „Новости“ од местото на несреќата, тој автомобил го сечеле пожарникарите бидејќи не можеле да ја отворат вратата и да ги извадат луѓето.

– Како што дознаваме, двајца мажи на возраст од 30 и 60 години починале, а една девојка со возило на Брза помош е пренесена во Ургентниот центар, објави Новости.рс.

📸

📸