Несреќа се случила попладнево на Ада Циганлија во Белград, кога млад човек (21) скокнал од педалинката во водата на околу 15 метри од брегот и не излегол.

Како што дознава „Блиц“, десет спасувачи од Ада Циганлија се обиделе да го извлечат младиот човек, но безуспешно. На местото на несреќата пристигнале жандармерија и нуркачи.

И граѓаните се обиделе да влезат и да помогнат, но имало многу трева и ништо не можело да се види.

– Скокнав по него, но никаде не можев да го видам. Момчето има 21 година, дошло да работи со вујко му, тој е од Алексинац – изјави за „Блиц“ еден од очевидците кои се обиделе да го спасат.

Неговите пријатели кои биле со него на педалинката се уште се на местото на несреќата и се обидуваат да ѝ помогнат на полицијата да го пронајде исчезнатиот млад човек.

Според очевидци, младиот човек скокнал од педалинката и пливал, во еден момент изгубил сила и почнал да тоне.

– Филип Филиповиќ, српскиот ватерполист, кој случајно се нашол на лице место, на секој можен начин со својата екипа се обидуваше да го спаси момчето. Дури ги повика одбојкарите од соседниот терен, но ни тие не успеаја да го најдат. Без кислород, маски, ништо, влегоа во водата. Нурнаа и почнаада го бараат, додека не пристигнаа спасувачите – раскажува жената.

📸

📸

📸

📸