Некои производители на мед во Македонија најавуваат цена од најмалку 15 евра за еден килограм. Сега цената на медот во Македонија, во зависност од град или регион, се движи од 450 до 700 денари за една тегла. Производителите се вадат на високата откупна цена што ја нудат странските трговци на големо кои медот го откупуваат и по 15 евра за тегла, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.мк
Во градовите во источна Македонија тегла мед се продава за најмалку 500-600 денари, а во некои градови за 700, па и за 800 денари, но најновата најава од најмалку 15 евра за килограм ги загрижува и производителите и граѓаните како потрошувачи. Голем пораст на цените бележат и останатите преработки од мед.
„Субвенции сè уште немаме добиено. Шеќерот поскапе, сандаците се енормно скапи, ветеринарите си тераат по свое, па со оглед на неповолната сезона оваа година во која немавме доволно пчели, сметаме дека една тегла мед треба да биде барем 1.000 денари“, вели за порталот пчеларот Нове Јошевски од Кавадарци.
Be the first to write a comment.