Босански автобус кој превезувал ученици од Широки Бријег на екскурзија до Задар се запалил во вижење кај малиот град Имотски на југот на Хрватска.

Инцидентот се случил утринава околу 9:15 часот, додека бил на релација Имотски – Загвозд. За среќа нема повредени, иако фотографиите се навистина драматични.

Во автобусот имало 52-ца ученици. Благодарение на присебноста на возачот, учениците за кратко време успеале да излезат од автобусот и со тоа спречена е катастрофа.

Пожарот ја зафатил и околната ниска вегетација, но Јавната противпожарна бригада Имотски го ставила под контрола. Учениците на екскурзија во Хрватска наводно се превезувале со автобус на компанијата „Мишкиќ бус“.

Додека траел увидот, патот беше затворен за сообраќај до изгаснување на пожарот.

📸

📸