На железничката станица во Карловац пред една година настанал доста голем хаос кога маж и син ја чекале својата сопруга, односно мајка, а ги пречекале неа и нејзиниот љубовник.
Лани тој ден во мај во 21 часот и 40 минути М.(58) и неговиот син (16) ја чекале сопругата на станицата во Карловац, бидејќи таа му се јавила, па се договориле заедно да си одат дома. Меѓутоа, откако возот пристигнал на перонот, од вагонот ненадејно излегле неговата сопруга (52) и нејзиниот љубовник З.(51), пишува Index.hr.
Во тој момент М. и неговиот син станале агресивни. М. најпрво викал и нејасно му довикувал на З., а потоа физички го нападнал удирајќи го со раце по главата. Синот го фатил за врат и го турнал во чекалната, удирајќи го уште неколку пати по лицето, пишуваат хрватските медиуми.
Седел на кревет кога љубовникот ѝ зазвонил на сопругата
– Признавам се, вистина е. Таа вечер со син ми ја чекавме сопругата да се врати со воз. Не очекувавме дека ќе дојде со љубовникот З. Тој воспостави љубовна врска со мојата сопруга пред повеќе од една година и постојано ја убедуваше да дојде да живее со него бидејќи се заљубил во неа.
Еднаш седев покрај креветот кога на мобилен и се јави З., кој инаку е разведен. Тогаш му кажав дека кога веќе не му функционира бракот, да го остави туѓиот брак на мира, а на сопругата и реков дека таа треба да одлучи, а ако замине, никогаш да не се враќа.
Еден ден жена ми отиде кај З., спиеше со него и оттогаш состојбата трае повеќе од една година. Сопругата е кај мене и синот два дена во неделата, а со љубовникот пет дена. Во таква ситуација ја чекавме на станицата.
20 дена условна казна
Кога се симна од возот со љубовникот, не можев да се контролирам и прво му викав на З., а потоа му удрив два шамари. Не го спречив ниту син ми да го нападне, едноставно тогаш сè излезе од контрола.
– Однесувањето на жена ми е многу болно за мене, бидејќи ме засрамува и таквата ситуација ја знаат сите нејзини и мои роднини. Сега ќе бидам принуден да поднесам барање за развод, бидејќи мојата сопруга очигледно не може да одлучи со кого од нас сака да живее, се пожали на суд сопругот М.
Судија за прекршоци деновиве го прогласи за виновен и го осуди на 20 дена условна затворска казна и парична казна од 100 германски марки. Дополнително, тој мора да плати 150 куни трошоци на постапката. Пресудата не е правосилна и може да се обжали.
Be the first to write a comment.