Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против Србија поради знамето закачено во соблекувалната на таа репрезентација пред натпреварот против Бразил, на кое Косово беше прикажано како дел од таа земја.
Фотографијата од српската соблекувална со спорното знаме и натписот „Нема предавање“ наиде на реакција на косовскиот министер за култура, млади и спорт, како и на Косовскиот фудбалски сојуз, кој е член на фудбалската организација од 2016 година.
„Дисциплинската комисија на ФИФА покрена истрага против Српскиот фудбалски сојуз за знамето закачено во соблекувалната пред натпреварот против Бразил врз основа на член 11 од Дисциплинската регулатива и член 4 од правилникот на Светското првенство во 2022 година“, соопшти ФИФА.
Be the first to write a comment.