Навивач на Велс на 62-годишна возраст починал за време на Светското првенство во Катар од природна смрт, објави „Би-Би-Си“.

Навивачот Кевин Дејвис во Катар бил заедно со својот син и уште неколку пријатели. Тој починал вчера кога Велс изгуби од Иран во групната фаза. За неговата смрт не се знае многу, а според „Би-Би-Си“ се работи за природна смрт. Дејвис не бил на трибините во дуелот со Иран.

Велс во Катар има поддршка од голем број навивачите, еуфоријата во оваа земја е голема затоа што ова е прв настап на Велс на еден Мундијал по 1958 година.