Животот на еден од посетителите кај Панонските езера во Тузла е спасен денеска по половина час реанимација. Како што наведуваат медиумите, мажот влегол во водата и почувствувал непријатност, а потоа побарал помош.
– Човекот набрзо изгуби свест. Брзата помош дојде во рекордно време, за околу пет минути. Го оживувааа речиси половина час и успеаја. Секоја чест за нив. Добија огромен аплауз, вели еден од присутните.
Спасувачите и лекарите од итната помош на Здравствениот дом во Тузла кои работат на Панонските езера секојдневно добиваат пофалби за нивната работа.
Панонските езера се една од хит дестинациите за летен одмор на Балканот во последните години. Се работи за неколку вештачки езера во центарот на Тузла, во Босна и Херцеговина, кои годинава имаат рекордна посета.
Првото езеро е изградено во 2003 година, а подоцна постепено се градеа и останатите. Водата во нив е солена затоа што Тузла лежи на резерви камена сол и со децении го снабдува целиот регион со сол за јадење.
Локацијата на оваа атракција е погодна, центарот на градот е во близина а тука се и „солената неолитска населба“, спортските терени, солените водопади и други содржини за туристите.
Оваа година расте бројот на гости од соседните земји, од Хрватска, Србија, но и од земјите во Европа особено од скандинавските – од каде главно доаѓаат иселеници од Балканот.
Некои од капачите веруваат дека водата, поради високата заситеност со сол, има и лековити својства.
Be the first to write a comment.