Пет минути или 300 секунди во саботата траеја како цела вечност додека Драгиша Гудељ, фудбалер од Кордоба, се бореше за живот на теренот за време на натпреварот.
Иако медицината вели дека три минути без пулс се толку опасни за човекот што можат да остават трајни оштетувања на мозокот, младиот фудбалер по 300 секунди од колапсот станал и сакал да се врати на теренот.
Најзаслужни за исходот се лекарите од медицинскиот тим на Кордоба, кои брзо интервенираа и го реанимираа Гудељ на теренот.
– Да му се случеше во поинаква ситуација, можеби немаше да зборуваме за истиот исход – изјави за медиумите Хозе Бретонес, директор на медицинската служба на Кордоба откако му го спаси животот на српскиот дефанзивец.
Тој и тимот, составен од Антонио Ескрибано и Мартин Луна, и кардиологот Хозе Марија Сегура и докторката Вероника Аројо, слегоа од трибините и благодарение на нивната реакција и знаење, животот на Драгиша беше спасен.
Немаа право на грешка, спасувањето го почнаа со кардиоваскуларна масажа и маневар за реанимација со дефибрилатор, на фудбалерот му беа потребни дури два удари свесно да го напушти стадионот и да замине во болница, што ги смири соиграчите и сите на стадионот.
Фудбалерот е пренесен на интензивна нега каде без проблеми ја поминал ноќта, а причината за колапсот ќе се истражува подолг период. Сега го очекуваат денови во кои ќе се знае какви се неговите шанси да се врати на терените.
Be the first to write a comment.