Докторката Данијела Јевтиќ од белградската Итна помош даде совет како најлесно да се преживее жештината.

Викендов, според прогнозита, во регионот има тропски горештини, па затоа треба посебно да внимаваме што јадеме и пиеме, но и како се облекуваме и се однесуваме. Докторката вели дека два периоди од денот на кои не би помислиле се многу опасни.

„Кога е топло, може да дојде до сончев и топлотен удар. Размислете за заштита на главата, пијте многу течности и не внесувајте супстанци кои имаат иритирачки ефект. Постојано повторуваме, да не претеруваме со алкохолот, топлината и алкохолот во комбинација предизвикуват геометриска прогресија на сè поголеми ефекти. Деновиве имаме и голем број на млади алкохоличари, а тие се во состојба на незнаење, апелираме до родителите да не го игнорираат проблемот доколку се повторува на неколку месеци, а нивноте блиски да повикаат помош кога ќе видат дека ситуацијата излегува од контрола“, изјави докторката.

Кога станува збор храна која разладува, таа советуваше „природата да биде наш сојузник“.

“Не пијте енергетски пијалоци кои ќе имаат инстант ефект, природата е нашиот најдобар сојузник. Пијте вода, јадете свежо овошје и зеленчук, а потоа риба и лесна храна. Треба да носиме полесни материјали и да го компензираме губењето на минералите, рече доктороката и предупреди дека не можеме да го „победиме“ Сонцето или законите на природата, но можеме да си помогнеме полесно да ги надминеме „пеколните“ температури.

„Бидете особено внимателни во деловите од денот кога се менува степенот на осветлување, односно зори и навечер кога паѓа ноќ. Тогаш бидете внимателни. Возачите и учесниците во сообраќајот не смеат да чекаат да им се слоши и да се онесвестат, туку претходно треба да се засолнат во сенка или да одморат. Кога е во прашање пливањето, ни случајно не скокајте во вода, не влегувајте со полн стомак или под дејство на алкохол и психоактивни супстанци, изјави д-р Јевтиќ.