Во повеќе основни училишта во Белград утринава пристигнале информација дека во нив се поставени бомби.
За „Блиц.рс“ било потврдено дека на адресата на ОУ „Дринка Павловиќ“ пристигнала дојава за бомба, а родителите биле известени да не ги носат децата во прва смена. Да потсетиме, ова училиште изминативе денови беше во центарот на вниманието поради оставката на директорката поради насилство во училиштето.
Покрај ова училиште, дојави за поставување бомби добиле и основното училиште „Васа Пелагиќ“ во Котеж, „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, „Старина Новак“ во улицата Кнез Данилова во строгиот центар на Белград, јавуваат белградските медиуми.
На социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледа како децата ги напуштаат училиштата кои добиле дојави за бомби.
Заради безбедност на учениците и вработените, во училиштата никој нема да влезе додека не заврши полициската проверка.
Be the first to write a comment.