Жена од Скопје била повредена од воздушна пушка вчера вечер, додека одела по улица во населбата „Пролет“, соопшти полицијата.

Според МВР, синоќа во 22.49 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди од воздушна пушка во ногата била донесена А.М.М.(26) Скопје.

Според А.М.М., таа била погодена додека се движела пеш по улицата Стале Попов” кон улицата Пролет”.