(ФБ објава на загрижена мајка)

Дали сте запознаени со популарната хорор играчка Huggy Wuggy?

Гледам, ги има многу во кинеските продавници, а родители со деца кои копаат по играчки од хорор чудовишта, ги купуваат.

Неодамна ја забележав оваа не толку привлечна „играчка“ и решив да истражувам на интернет за да откријам што се крие зад неа.

Значи, се работи за лик на чудовиште од хорор игра, т.н. Huggy Wuggy, што предизвика огромен интерес кај децата, а родителите, сосема јасно, му ја исполнуваат желбата на детето бидејќи „изгледа многу слатко“.

Мене лично ми изгледа морничаво. Премногу морничаво. Одвратно. Во позадината на играта има песна, чиј текст повикува на смрт.🤯

Играчката има сошиено велкро на рацете за да може со рацете да го „гушка“ детето околу вратот и да го обеси на неа со соодветната реченица од песната „гуши ме додека не умрам, гушни ме додека не умреш“. Зарем не прекрасно?

Гледам деца како го носат ова чудовиште околу вратот. Тие одат со своите родители и играчка-чудовиште околу вратот. Таман кога помислив дека не може да биде полошо, гледам, а освен тоа слушам дека имало смртни закани меѓу децата во градинките.

Дали мислите дека тоа не е поврзано со овој случај?

Понатаму, во дел од коментарите се вели:

– И после ќе се чудите кога децата ќе ви забегаат по некој лош пат дозволувате сешто да се купува и гледа,а за цртаниве игри што и да е се зборуваше. Грозоморно со еден збор!

– Треба да се забрани увоз и продажба тие одвратни играчки. И јас ги имам видено и по пазарите.

– Се согласувам, поодвратна играчка не сум видела! Покрај толку плишани слатки мечиња,слончиња,мачиња….не гледам причина да им се купува ова страшило!