На 18.01.2023 во 22.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Македонија“, на место викано „Рампа“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Д.Д.(41) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, управувано од З.М.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.