Четириесет и тригодишната А.К., шеснаесетгодишниот М.К. и три години постариот Н.К., загинаа кога нивниот автомобил излетал од „Малиот мост“ во Рогами во Црна Гора.

До несреќата дошло кога „цитроен саксо“ со сина боја излетало околу 7 часот и 37 минути во потокот Широлија, неофицијално соопштија за „Вијести“ од Управата на полицијата.

Од реката прво е извлечено тело на жена, а по останатите се вклучиле и нуркачи од Регионалниот нуркачки центар.

А.К.(43), Н.К. (19) и М.К.(16) утрово загинале кога возилото излетало од „Малиот мост“ во населбата Рогаме во Подгорица во потокот Широлија. Од потокот се извлечени телата на две момчиња и една жена.

Како што беше соопштено, до несреќата дошло кога возилото од засега непознати причини слетало од „Малиот мост“.

📸

📸

📸