Две лица се повредени во сообраќајка што се случила вчеравечер.

На 11.05.2022 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Емил Зола“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Кичево и мотоцикл, со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил Ј.Д.(21) од Скопје, кој се превезувал на мотоциклот, а на возачот на автомобилот М.К. му биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.