Во цетинската населба Медовина, во близина на Владиниот дом, загинале 11 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија за РТЦГ од Управата на полицијата.

РТЦГ дознава дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во таа пресметка бил убиен.

Четири ранети се хоспитализирани во болницата во Цетиње, додека двајца повредени се пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица, јавува РТЦГ.

Според неофицијални информации, напаѓачот е 34-годишен маж, кој пукал и во деца.

Тој дел од градот беше блокиран, зголемено е присуството на полиција, а се собраа и голем број цетињани.

РТЦГ од очевидци дознава дека напаѓачот шетал низ населбата и случајно пукал во граѓани кои случајно се нашле таму.

Засега нема официјални информации.

Децата кои престојуваат во Цетиње во Младинскиот камп се безбедни и во ниту еден момент не биле во опасност за време на инцидентот што се случи недалеку од зградата на Владиниот дом, изјави за „Вијест“ Јован Дашиќ од Младинската мрежа.