Со голема тага во срцето ве известуваме дека нашиот готвач чичко Спасе се пресели во Царството на нашиот Господ Исус Христос… напиша на својот Фејсбук профил отец Оливер Петровски, кој раководи со Хуманитарната организација „Свети Спас“ (под покровителство на Македонската православна црква).
– Денес изгубивме голем човекољубец, човек со големо срце кој беше секогаш подготвен да помогне на секого. Чичко Спасе ќе остане запаметен во нашата хуманитарна организација како еден од најголемите поддржувачи… Вечен нека ти е споменот брате и Бог нека ти дарува простување на гревовите и Царство небесно!!!
Be the first to write a comment.