Панамските медиуми објавија дека е убиен маж на возраст меѓу 40 и 45 години, со прекар „Јаи“. Не е јасно дали случаите се поврзани.
Полициската управа на Црна Гора вечерва соопшти дека официјална потврда за наводното ранување и ликвидација на Радоје Звицер би можела да пристигне за два до три дена, „земајќи ги предвид сите околности и фактот дека Звицер најверојатно не престојувал во таа земја под вистинското име“.
Црногорските безбедносни власти се уште немаат официјални податоци за информацијата дека лидерот на кавачкиот клан Радоје Звицер е убиен во Панама, соопштија за „Вијести“.
Медиумите во Србија објавија дека Звицер е тешко ранет, а повеќето од нив меѓу кои и Блиц.рс и дека е убиен, повикувајќи се на истражните органи на Србија.
Црногорски безбедносни извори наведуваат дека имаат информации за две убиства во Панама, но дека се вршат дополнителни проверки бидејќи првичните описи не се совпаѓаат со описот на Звицер.
Панамските медиуми објавија дека е убиен маж на возраст меѓу 40 и 45 години, со прекар „Јаи“. Не е јасно дали случаите се поврзани. Звицер се смета за еден од водачите на кавачкиот клан, кој функционираше на меѓународно ниво.
Be the first to write a comment.