По неофицијалните информации дека вечерва во Панама бил застрелан лидерот на кавачкиот клан Радоје Звичер, се огласи адвокатот на семејството Звицер кој ги демантираше наводите.

– Како адвокат на семејството демантирам дека Радивоје Звицер е ранет и убиен. Семејството ги видело натписите во медиумите, а за да не се шират дезинформации дополнително, важно е да се знае дека мојот клиент е жив – изјави за српски Курир адвокатот на семејството Звицер, Владимир Зариќ.

На социјалните мрежи се огласи и ќерката на Звицер. Таа се огласи на Инстаграм околу еден час по објавувањето на веста дека нејзиниот татко бил застрелан во Панама.

Таа објави видео на кое може да се види како опуштено и безгрижно вози во автомобил додека слуша музика, поточно песната на Николија „Без накита“, со која според српските медиуми очигледно испратила порака дека нејзиниот татко е жив и здрав и дека до неа не стигнале никакви лоши вести.

Да потсетиме, вечерва беше објавено дека лидерот на кавачкиот клан Радоје Звичер бил убиен во Панама пред изнајмената вила во која живеел.