Марија Б.(35) од Златибор вчера загина во сообраќајна несреќа кога од засега непознати причини со својата шкода излетала од патот и удрила во заштитна ограда. Се сомнева дека причина за несреќата е лизгавиот коловоз.

Несреќната жена е мајка на три мали деца, кои биле со неа и нивниот татко во автомобилот. Едно од децата е тешко повредено и е префрлено во болница во Белград, а едно е полесно повредено и му е укажана помош во Пријепоље.

Левата страна на автомобилот била целосно уништена, па тешко било извлечено тешко повреденото дете, како и телото на жената која починала на лице место.

Очевидец на настанот кој возел позади шкодата вели дека несреќата се случила сосема неочекувано.

-Жената се движеше од правец на Бистрица кон Прибој возејќи со најмногу 50 до 60 километри на час, а јас ја следев. Во Стањевини, на местото каде што до пред две години имаше депонија веднаш до патот, удри во насипот. Самиот сум во шок што се случи трагедија од чиста мира – изјавил очевидец за локален портал.

Инаку, Марија е ќерка на истакнат сопственик на ресторан од Златибор, кој за Република.рс потврди дека ја загубил ќерката.

– Да, доживеавме огромна загуба, но ве молам разберете дека во овој момент не можам да зборувам. Повредено е и нашето дете. Жал ми е, но немам сила да зборувам – изјави таткото на загинатата Марија.

Соседите сочувствуваат со семејството и велат дека денес цел Златибор плаче затоа што тагата го погодила чесното, доблесно и работливо семејство.

– Драган, таткото на Марија е човек од прва класа. Ги воспитувал своите деца на вистински начин и тие се прекрасни луѓе. Марија добро се омажи и роди три деца, од кои едното е сè уште бебе. Денеска сите плачеме, цел Златибор го погоди веста за таа несреќа. Три деца останаа без мајка, а сите ние без прекрасна душа како таа млада жена – расплакала сосетката.