Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ мораа да ги откажат настапите поради здравствени проблеми.
Фолк дивата се огласи на социјалните мрежи и јавно ѝ се извини на публиката од Северна Македонија и Црна Гора за одложувањето на концертите.
Како што откри Цеца, Анастасија и таа се заразени со истиот вирус и поради таа причина нема да можат да се појават пред публиката.
– Почитувана публико од Струмица и Будва, мораме да ги откажеме настапите закажани за вечерва и утре. Ниту јас, ниту Анастасија не можеме да одржуваме настапи, бидејќи за жал и двете сме заразени со истиот вирус – напиша Цеца во свото „стори“ на Инстаграм и додаде:
– Ви благодариме на разбирањето, а за новите датуми на нашите концерти ќе ве информираме подоцна. Чувајте се, ве бакнуваме и сакаме – напиша Цеца.
Be the first to write a comment.