Бугарскиот фудбалер Георги Јомов, кај кого беше пронајден допинг после мечот ЦСКА Софија – Македонија Ѓорче Петров, игран на 28-ми јули од квалификациите во Конференциската лига, доби жестока суспензија од четири години!
Веста уште не е официјална, но според бугарските медиуми, одлуката веќе е донесена и Јомов нема да смее да игра во следните четири години. Тој веќе е суспендиран од 25-ти август, еден месец по позитивниот допинг тест, кога во неговото тело е пронајдена забранетата супстанца дехидрохлорметилтестостерон.
Тоа е препарат кој одамна е забранет за продажба и може да се најде само на црниот пазар. Тој допинг не му помагал на Јомов да игра подобро, туку ползата од него е да се има плочки на стомакот и извајани мускули.
Јомов во победата на ЦСКА над Македонија од 4-0, придонесе со еден гол.
Be the first to write a comment.