Британското Министерство за одбрана објави нова воена карта на настаните во Украина, која покажува голема промена.
Имено, широкиот простор околу Харков, вториот по големина украински град, вчера беше означен како сцена на борби. Денес, широк простор источно и северно од градот е означен како украинска територија. Со други зборови, Британците сега и официјално ја забележаа на картата украинската контраофанзива на овие простори, која трае со денови.
Според оваа карта, а особено според информациите од теренот, руските сили биле потиснати веднаш до руската граница. Остатокот од бојното поле не бележи значителни промени.
Претходно, британското Министерство за одбрана објави нов извештај за руската инвазија на Украина.
Во него се наведува дека украинските сили продолжиле со контранападот северно од Харков и повторно зазеле неколку градови и села долж руската граница.
– Приоритизацијата на Русија на операциите во Донбас ги остави силите во регионот Харков ранливи на мобилните и високо мотивирани украински сили кои се во контранапад. И покрај успехот на Русија во опкружувањето на Харков во раните фази на конфликтот, таа наводно ги повлече војниците од регионот за да ги реорганизира и обнови своите сили по големите загуби, се вели во извештајот на британското разузнавање.
The illegal and unprovoked invasion of Ukraine is continuing.
The map below is the latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 12 May 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/ftXdAgxpI5
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/KJx4QAvn91
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) May 12, 2022
– Откако ќе бидат реорганизирани, овие сили веројатно ќе бидат распоредени на источниот брег на Сиверски Донец со цел да се создаде блокада за да се заштити западното крило на руските сили и главните рути за набавка за операциите во близина на Изјум, додаваат тие.
Be the first to write a comment.