Големо вознемирување било предизвикано денеска на плажа во Ираклион на Крит кога мало дете изгубило свест.
Според информациите објавени во грчките медиуми, се’ се случило околу 12 часот на плажата Кокини Хани во Ираклион кога 2-годишно момче изгубило свест додека излегувало од морето, поради што одредено време се било без свест.
Брза помош веднаш притрчала и му укажала прва помош на детето и го транспортирала во болницата во Ираклион. Во информацијата се наведува дека детето пристигнало во болница со пулс и било при свест, додека по низа тестови било отпуштено од болница.
Be the first to write a comment.