Зинедин Зидан ќе стане нов тренер на Пари Сен Жермен! Така барем тврди новинарот на Мундо Депортиво, Рамон Фуентес, кој наведува дека Зидан ќе потпише договор во сабота и дека затоа ќе отпатува во Катар за да финализира сè.
Со денови се водат сериозни преговори меѓу ПСЖ и Зидан, а во лобирањето се вклучи дури и претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој даде интервју во кое вели дека би сакал да го види Зидан на клупата на парижаните.
Иако на почетокот малкумина веруваа дека Зидан ќе стане тренер на ПСЖ, затоа што тој самиот цели кон клупата на Франција каде треба да го наследи Дидие Дешамп.
Сепак, очигледно е дека понудата на ПСЖ, со која Зидан ќе стане најплатен тренер во светот, влијаеше легендарниот француски репрезентативец да се премисли и да отпатува на средба со катарскиот емир во сабота.
Исто така, како што се наведува, Зидан поставил два услова при преговорите, а тоа е Килијан Ембапе да остане во клубот и спортскиот директор Леонардо да си замине од Паркот на принцот. Двата услови се исполнети.
Единствена проблематична ситуација за Зидан можеби е тоа што е деклариран навивач на Олимпик од Марсеј, најголемиот ривал на ПСЖ. Иако Зидан никогаш не играл за Марсеј, проблем може да биде како на оваа вест ќе реагираат навивачите на овој клуб, кои често знаат да бидат насилни и проблематични.
Be the first to write a comment.